За Силјановска нема „Северна“, само „Македонија“ – новата претседателка на државата положи заклетва

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Гордана Силјановска Давкова положи заклетва како претседателка на Северна Македонија, или според неа, претседателка на Македонија, бидејќи за време на заклетвата, не го повтори името Северна Македонија како што прочита собранискиот спикер, туку само Македонија.

Во преполната сала говореше без потсетник. Се заколна дека ќе биде претседател за сите, како внатре во Собранието така и надвор.

Добар дел од нејзиниот говор се однесуваше на поддршка за жените, охрабрувајќи ги дека можат многу да постигнат во политиката како и другите области. Истакна дека треба да ги надминеме балканските бариери и да се европеизираме.

Присутни во Собрание беа двајцата лидери, на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, Димитар Ковачевски и Христијан Мицкоски кои на крајот си подадоа рака еден на друг.

Додека траеше свечената седница, тука присутен беше и Биљал Касами од коалицијата ВРЕДИ.

Од екс претседателите, присутен беше Ѓорге Иванов но не и Бранко Црвенковски. Стево Пендаровски ја пречека новата претседателка во Вила Водно.

Потоа бројните функционери и пратеници и честитаа на новата претседателка.