„За Смаќоска отворен е предмет во Советот на јавни обвинители – требаше тука да бидат Спасовски или Русковска“, вели Ременски

НАЈНОВИ ВЕСТИ

„За мое разочарување, многу бавна беше реакцијата на ЈО и на Советот за јавни обвинители, иако Советот има отворено предмет за јавниот обвинител Гордана Смаќоска“, рече Фросина Ременски во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21 за „лажните“ лаборатории за крим вештачења на Факултетот за безбедност во 2012 година.

На оваа тема, Ременски рече дека зборува за формата, додека за содржината на предметот треба да дојде Вилма Русковска или Оливер Спасовски.

„Затоа е апсурдно, ние зборуваме за формата, за содржината треба да седи некој друг, или да има друг соговорник. Да дојдеше Русковска, да дојдеше министерот за внатрешни работи, и да ги судриме аргументите.“, рече Ременски.

Професорката рече дека поднесувањето на кривична пријава доажа како службено лице кое го направила како службена должност.

„Јас тоа го направив како раководител на Факултетот за безбедност“, изјави Ременски, која истакна дека решението го добила во септември 2020 година, но и дека ништо не е завршено.