Кривичниот суд во Скопје денеска изрекол условна казна за обвинетиот во сообраќајната несреќа пред две години кај „Млечен“ ресторан.
Во оваа сообраќајна несреќа животот го изгуби едно лице, додека пак неговата бремена сопруга се здоби со тешки телесни повреди и го изгуби плодот.
Родителот на лицето кое што загина во сообраќајката, на својот Фејсбук профил напиша статус во кој вели дека за виновникот за смртта на неговиот син денес била донесена пресуда дека не е виновен, туку само бил условно осуден на две години.

Статус на социјалните мрежи објави и сопругата на загинатото лице, Наташа Апостолоска која посочува дека човекот кој, и го одзел сопругот и детето, а неа ја оставил со повреди, бил осуден само условно затоа што ја признал вината.

