За три години во Кичево затворени околу 100 дуќани, оние кои и натаму работат, тешко наоѓаат работници

НАЈНОВИ ВЕСТИ

За три години во Кичево се затворени околу 100 мали бизниси. Речиси на секој втор дуќан е залепен лист на кој пишува дека се изнајмува. Ваквата ситуација е најзабележителна во стариот дел од градот, а тоа го потврдува и претседателот на Стопанската комора на Кичево, Игор Соколески.

А оние бизниси кои сѐ уште работат, постојано бараат работници. На секој трет дуќан пишува дека се бараат работници, но ретко да се пријави некој.

Градоначалникот Фатмир Дехари, со поинаков став. Тој вели дека младите претпочитаат да работат во јавниот, отколку во приватниот сектор, бидејќи имаат поголема слободата на работното место во државна институција.

-Барање работно место во државни институции е поради слободата или задоволство од работата, а тука се и психолошките студии за задоволство од работата. Најголемиот број вработени се рангирани на највисоката точка на задоволство од работата, слободата на работа, но има уште еден аргумент – платата, платата што ја дава приватниот сектор-вели Дехари.

Според статистиката на Агенцијата за вработување, во Кичево има 3.750 невработени лица, од кои 2.136 со основно образование, 266 со непотполно средно образование, 971 со завршено средно образование, 32 со више образование, 306 со високо образовани, 37 магистри и двајца доктори на науки.