За убиените кучиња во Струга – Ковачевски ги обвинува градоначалниците, активистите Владата

НАЈНОВИ ВЕСТИ

По случајот во Струга со убивањето на кучињата скитници, продолжуваат реакциите со барање овој проблем да се реши во сите општини во државата. Новинарите побараа решение од премиерот Димитар Ковачевски, кој пак, ги обвини локалните единици, велејќи дека немаат волја да го решат ова прашање и дека постои можност преку ИПА фондовите да изградат државен стационар.

По ваквата изјава на премиерот, со реакција се јавија и од Организацијата за заштита на животни „Анима Мунди“. Од таму велат дека не се потребни пари и Брисел за да се измени Законот за заштита на животните!

„Не е неопходен Брисел, ниту се неопходни пари, за да го измените по итна постапка Законот за заштита и благосостојба на животните!Со години се справуваме со последиците, замачкуваме симптом, се убиваат животни, страдаат граѓаните, се трошат енормни пари,  но не ги третираме причините, изворот на проблемот – неодговорното сопствеништво, размножувањето и напуштањето!Анима Мунди во 10 наврати доставува предлог измени и дополненија на Закон за заштита и благосостојба на животни,  усогласени со најуспешни ЕУ практики, поддржани и од ЕУ парламентарци,  кои во континуитет се игнорирани, а истите дефинираат мерки за контрола, сузбивање, надминување на проблемот“, велат од Анима Мунди.

Активистите на став дека овие кучиња се на улица токму поради човечки фактор, а нивното усмртување го оценија како монструозен чин.

Пред само неколку дена, лице од Струга со огнено оружје усмрти неколку кучиња скитници.