„За време на Груевски за корупција бевме на 60-то место, сега сме 111-то“, рече Еленовски во “ClickPlus”

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Правејќи споредба во минатото и сега, поранешниот министер Лазар Еленовски вечерва во „Клик Плус“ на ТВ21 кажа дека во Македонија ништо не е сменето, па дури и оди на полошо.

Тој спореди во времето на Груевски дека Македонија била на 60-тото место, а сега е речиси за исто толку места подоле, односно 111-то.

„За време на Груевски за корупција Македонија беше 60-то место, а сега сме на 111-то место. Тоа е катастрофа“, коментираше Еленовски.