За време на вирус, долги редици – Граѓани: Мораме, чекаме по неколку часа

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Долги редици пред банките за плаќање на рати, земање на плати и пензии но и за добивање информации што ќе се случи со ратите на кредитите. Ова ги натера многу граѓани да чекаат пред банките, а не се почитуваат ниту препораките за држење дистанца. Иако влегуваат еден по еден, граѓаните, повеќето од нив возрасни, се обврзани да чекаат ред.

„Знаеме дека е ризично, но треба да делат бројчиња, немаме што да правиме. Еве што да правиме?“, вели граѓанин.

„Кажи каде да одам, сега е 11 часот, треба да одам дома, а чекам веќе 3 часа. Нека воспостават ред, тие кои можат да бидат надвор до 11 часот да дојдат до 11 часот, помладите нека дојдат подоцна. Седам стар човек овде и чекам 3 часа и ме буткаат натаму наваму“, додава граѓанин.

„Мораме да ги платиме ризично е, а и кредитите треба да се платат, овде има многу луѓе“, посочи граѓанин.

Како што може да се забележи, јасно се гледа дека освен непочитувањето на дистанцата, повеќето граѓани немаа ни маски, ни ракавици за превентива од коронавирусот.