Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, г. Tалат Џафери го потпиша Решението за свикување на Првата – Конститутивна седница на Собранието на Република Северна Македонија.
Конститутивната седница ќе се одржи на 4.8.2020 година (вторник), со почеток во 12 часот.
„Со оглед на новонастанатата состојба со пандемијата Ковид-19 и во согласност со препораките од Комисијата за заразни болести, Конститутивната седница ќе се одвива според протоколи и критериуми коишто се утврдени во претходна координација со претседателот на Комисијата за заразни болести д-р Жарко Караџовски, со единствена цел да се намали ризикот од евентуално ширење на заразата од корона вирусот“, велат од Собранието.
Во текот на денот, во сите простории каде што има активности, по нивното завршување ќе се прави дезинфекција.
