Забавен парк во Карпош, Град Скопје вели дека е поставен без дозвола, реагира менаџерот

НАЈНОВИ ВЕСТИ

-Реквизитите за забава се поставени овде пред спортската сала Борис Трајковски во Карпош. Од Град Скопје велат дека немаат дозвола за овие реквизити и немаат безбедносен сертификат. Велат дека ги казниле, но продолжиле да ги поставуваат-вели репортерот на ТВ21.

Од Град Скопје велат дека правното лице „Дизниленд реквизити“ кое ги склопувало реквизитите е фирма формирана пред само еден месец, а ги нема потребните документи за обезбедување или монтажа.

-Ја известуваме јавноста дека правното лице Дизниленд Реквизити, фирма од Чаир регистрирана пред само еден месец, без соодветни документи и дозволи, без потребна документација која гарантира безбедност, монтира панорамско тркало и останати реквизити во Карпош пред Борис Трајковски. Град Скопје, во рамки на своите надлежности изврши надзор, превзема мерки и го казни правното лице, но тој сепак насилно продожува да работи-велат од Град Скопје.

Од Град Скопје соопштуваат и дека побарале помош од Пазарниот инспекторат и Градежниот инспекторат, а бараат да постапат и сите надлежни институции.

ТВ 21 ги праша и Пазарниот и Градежниот инспекторат дали презеле мерки за да се спречат овие работи. Од Пазарниот инспекторат ни рекоа дека утре ќе излезат на терен да ја увидат фактичката состојба и ќе постапат врз основа на овластувањата што ги имаат.

Телевизија 21 контактираше со одговорниот за реквизитите. Тој вели дека ги имаат сите потврди за работа, а го имаат и договорот со закуподавачот, бидејќи земјиштето каде што ги поставиле реквизитите е приватна сопственост, а не државна.

-Ова е договор со приватен имот, ги имаме сите дозволи. Имаме сертификати за работа. Ова се нови реквизити. Немаме никаков проблем бидејќи станува збор за приватен имот , а не како што беше изјавено дека е државен, ова е приватен имот. Со договор за работа, имаме и регистрирано фирма. Ги имаме сите работи, опрема, лиценци, се што ни треба. Сите забавни реквизити се безбедни, со сертификат. За секого што се забавува, нема никаков проблем-вели Арсим.

Вели дека за поставување на овие реквизити на приватен имот, не му треба дозвола од никого.

-Градот Скопје нема ништо овде. Ова место е приватно. Има лиценца, има работна дозвола. Не е дека ни текнало во 2 часот по полноќ да ги склопиме реквизитите кои чинат 4-5 милиони евра. Што мислат тие? Ако е нешто, тргнете го, нека дојдат десет полицајци да го отстранат. Ние со Град Скопје немаме ништо, не ни треба согласност од никого, ако има поплаки има полиција, има општина. Дојде полиција и не казни, но никој не може да не казни бидејќи ова е приватна сопственост“, рече Арсим.

Ги прашавме граѓаните дали им се допаѓаат овие реквизити и колку се чувствуваат безбедно со оглед на тоа што некои од нив се од најризичната категорија и нудат повеќе адреналин.

„Да, секако дека се потребни затоа што на децата понекогаш им е потребна забава, тие треба да се забавуваат. Не знам за безбедноста. Се плашев кога децата се качија кога видов дека висината е многу висока, се плашев малку, но не знам како се чувствуваат децата таму.“

Како што соопштија од забавниот парк, реквизитите ќе останат тука само еден месец и потоа ќе се преместат во друга држава.