Мапата на светот, која сите ја паметиме од училишните денови и која се користи и денес, е создадена пред скоро пет века, поточно, во 1569 година, за што е заслужен фламанскиот картограф и географ Герхард Меркатор.
Сепак, начинот на кој неговата мапа ја покажува нашата Земја е едноставно погрешен.
На таа мапа, која и денес се користи во училниците, има многу грешки и заблуди, од презентација на континенти и нивната вистинска големина до фактот дека и самата географска положба на некои континенти е исто така потполно погрешна.
Но, дали нејзината првобитна цел беше малку поинаква?
„Повеќето луѓе на почетокот не мислат дека Земјата е всушност сфера. Кога ќе ја погледнете Земјата од различни делови на универзумот, ќе добиете поинаков поглед на Земјата; земјите се во поинаков редослед од оној што го гледаме на стандардните мапи“, изјави картографот Чандра Јајасури од универзитетот во Мелбурн за ABC Австралија.
Целта на цилиндричната картографска проекција на Меркатор беше од поморска природа: да им помогне на морнарите во навигацијата, пренесува Ртл.хр.
„Никогаш не била целта точно да се покаже големината на државите“, рече Јајасурија.
Картата на Меркатор, вели Јајасури, е „исклучително лоша“ во прикажувањето на релативната големина на земјите.
„Затоа Гренланд, кој е всушност 14 пати помал од Африка, е прикажан на картата на Меркатор со иста големина како Африка“, рече таа.
Современи мапи
Гренланд изгледа поголемо од Јужна Америка, но тоа е измама. Во реалноста, Јужна Америка е девет пати поголема од Гренланд.
Имаше обид да се покаже Земјата на мапите што е можно поверодостојно.
Во 2016 година, најпрестижната награда за дизајн во Јапонија – Наградата за добар дизајн, беше доделена на јапонскиот архитект и уметник Хаџиме Нарукава, кој разви нов начин за прикажување на светот на правоаголна површина, останувајќи верен на реалните пропорции на континентите и океаните . Тој разви мапа на светот, наречена „AuthaGraph“.

Иновативен метод за мапирање создаде нова мапа така што сферната површина беше подеднакво поделена на 96 триаголници, пренесена во тетраедар и пропорциите на површините беа зачувани.

Мапи во училиштата и училниците
Но, и покрај новите мапи и обидите да се претстави Земјата во дводимензионален простор, старите сè уште се користат во училиштата.
Секогаш ќе има грешки во претставувањето на светот во дводимензионален простор, така што ниедна мапа нема да биде строго точна, но грешка стара 460 години сепак може да биде исправена.
Во меѓувреме, сè додека не започнат да се користат понови, подобрени мапи во училниците низ целиот свет, достапен е добар, стар глобус.
Сепак, постои и страница каде што можете да ги споредувате големините на земјите со другите земји.
