Ученици од основните училишта го добиле протоколот според кој ќе се реализира наставата со физичко присуство во учебната 2021/2022 година.
Протоколот има 38 точки.
Забрана на било каков физички контакт и поздравување помеѓу учениците и вработените во училиштето, за температура повисока од 37,4 степени учениците се праќаат дома, забрана за родители за влез во училиштето, редовно миење и дезинфекција на раце, се само дел од правилникот.
Информација околу тоа колку време ќе трае училишниот час, нема.
38 та точка се однесува на тоа дека доколку се потврди дека ученик е заболен од КОВИД – 19, се известува епидемиолошката служба во Центарот за јавно здравје која итно треба да направи анкета со наставниците и учениците за проценка на степенот на ризик врз основа на контактите кои ги имале – е наведено во протоколот.
