Забранета водата за пиење во велешките села Иванковци и Кумарино

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Општина Велес ги известува жителите на селата Иванковци и Кумарино дека, согласно решение на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), се забранува користењето на водата од селските водоводи во овие две велешки села за пиење.

На неколку локации во Иванковци и Кумарино поставени се предупредувања со натпис „Водата не е за пиење“.

Забраната е издадена поради утврдена неправилност во квалитетот на водата, врз основа на анализите извршени од стручни екипи на ЈЗУ Центар за јавно здравје – Велес.

Водата не смее да се користи за пиење сè до укинување на забраната од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство.

Од Општина Велес ги повикуваат жителите доследно да ја почитуваат забраната и да постапуваат согласно насоките на надлежните институции.