Во боја го копиравме бидејќи така бараат.
Во боја го направивте! Колку чини!?
650 денари и двата! Околу 10 евра.
Ова граѓанка од Тетово само што го копираше учебникот по англиски јазик за нејзината ќерка.
И другите родители ги копираат учебниците поради недостиг на истите.
„Да, имам внука, немаат ништо. Ќерката треба да го земе учебникот по англиски и да го копира бидејќи учебници нема во училиштето. Учениците имаат многу проблеми. Тука постојано копираат, секој ден е исто. Учениците од трето одделение имаат неколку учебници, но има и учебници кои им недостигаат. Проблем е тоа“.
„Никогаш немале и нема да имаат. Недостигат и тие треба да се подготват пред почетокот на учебната година а не кога ќе дојде учебната година да го имаат овој проблем семејствата на самите ученици, веќе 2 недели, учениците одат во училиште без учебници. Знам дека нема смисла но таква е состојбата“.
„Не знам дали ги имаат сите, во моментов можам да кажам дека ги имаат повеќето“.
„Децата ги принудија да прават копии бидејќи ги немаат книгите во училиштата, иако училиштето треба да направи такво нешто. Сепак, сега треба да направиме копии или да ги купиме. Моментално на моето дете му недостига книга по македонски јазик, книга по англиски јазик, работна тетратка по математика и уште некои. Ние како родители сме принудени да ги плаќаме, но некој има можност а тие што немаат, не знаеме како се снаоѓаат. Во меѓувреме една книга чини 700 денари и правиме копии за да поминеме малку поевтино“.
Копирањето книги е забрането но учениците мораат да најдат решение. Од општина Тетово потврдуваат дека оваа година недостигаат околу 20 илјади учебници.
„Во сите основни и средни училишта имаме недостиг од 20.000 книги. Секторот за јавна дејност, податоците што ги собраа во статистичка форма, во официјална форма, ги упативме до Министерството за образование и наука. Знаеме дека копирањето е всушност забрането со закон во Република Северна Македонија, но учениците мора на некој начин да го регулираат ова прашање. Имаме наставници кои преку пишување се обидуваат да им диктираат на учениците на час. Има и случаи кога се копираат книги“, вели Назми Даути.
Недостигот на учебници во училиштата речиси секоја година е проблем а МОН никако да најде решение.
