Забрзајте ги реформите – порака на Евроамбасадорот Дејвид Гир, токму на нив се „сопнуваат“ политичките субјекти

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

реклама

Оптимизам кај евроамбасадорот Дејвид Гир околу позициите на нашата држава. Вели нема план Б за Северна Македонија, целта е пристапување во ЕУ. Во интервју за МИА, амбасадорот Гир изразува надеж дека во првата половина од оваа година може да се очекува првата меѓувладина конференција меѓу Северна Македонија и ЕУ. Ова според него би значело и почеток на преговорите на нашата земја за полноправно членство во Унијата.

„Тие разговори продолжуваат во Брисел и навистина португалското претседателство се обврза дека ќе го помогне и ќе го турка процесот. Во меѓувреме, она што е важно, е Северна Македонија, заедно со Бугарија, билатерално да се ангажираат во обид да изнајдат решение што е прифатливо за двете страни, кое што ќе овозможи ситуацијата да оди напред“. Нема да зборувам за план Б, нема план Б. Целта е пристапување во Европската Унија. Лидерите на Европската Унија доследно ја повторуваат европската перспектива на Западен Балкан и лично сум многу оптимистичен дека ќе одиме напред“, рече Гир.

Гир изразува целосно разбирање што луѓето во земјава се чувствуваат фрустрирано и што се нетрпеливи да се движат напред. Нагласува, дека за да се оди напред потребен е ангажман . Советува Владата на домашен терен да го имплементира и да го забрза реформскиот процес. А токму реформите се тема на сопнување за домашните политички субјекти. Тие и овој пат со спротивставени ставови и обвинувања.

„Препораките на Евро амбасадорот се добар показател што пропуштила Владата во минатото. 01.23 Што се однесува до реформите Владата нема постигнато никаков суштински ефект во таа област….01.39 Се уште имаме највисок степен на корупција во регионот …Имаме и партизирано и политизирано судство.
За сите прашања сме отворени за соработка, вели Реџепи, додавајќи дека државен интерес и интересот на сите граѓани се евроинтеграциите. Во иста насока и ВМРО ДПМНЕ.

„Ние не можеме да очекуваме дека ниту ЕУ, ниту земјите членки, ќе го премолчуваат тој процес, напротив што повеќе ќе се доближуваме до полноправно членство тие ќе бидат погласни за тие прашања… Секој граѓанин кога ќе влезе во еден суд, во едно обвинителство, во една институција, дали се чувствува дека тоа функционира како што треба.“, вели Муцунски.

Европскиот пат е единствениот за нашата држава, потенцира Арбен Зибери од ДУИ. За него проблемот со Бугарија е поголем отколку реформскиот процес.

„Реформските процеси се реформски процеси. Секогаш треба ние да се реформираме да се стандардизираме со ЕУ…02.22 Без разлика и да станеме членка на ЕУ, ние сепак ќе треба да се реформираме во некои делови кои не функционираат очигледно. Но овој пат беше очегледен проблемот со Бугарија јас мислам дека тој беше поголем проблем.“, изјави Зибери.

Инаку Гир во интервјуто, потенцира дека решавањето на проблемот со Бугарија и забрзување на реформскиот процес се од најголема важност и најбрзиот начин да се приближиме и приклучиме кон европското семејство.

реклама

реклама

реклама
реклама
реклама