Заедничко чествување на празникот 24-Мај на амбасадите на Македонија и Бугарија во Белград, Прага, Варшава и Киев

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Амбасадите на Република Северна Македонија и Република Бугарија во Белград, Прага, Варшава и Киев заеднички ќе го одбележат и чествуваат празникот 24-Мај Денот на Светите браќа Кирил и Методиј.

Од Министерството за надворешни работи на нашата земја соопштија дека ова заедничко одбележување на амбасадите е договорено со Министерството за надворешни работи на Бугарија, во духот на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка. 

„Во рамките на активностите за одбележување на празникот 24-Мај Денот на Светите браќа  Кирил и Методиј, Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија и Министерството за надворешни работи на Република Бугарија, во духот на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка, се договорија со заеднички настани амбасадите на двете држави во Белград, Прага, Варшава и Киев, да го одбележат и чествуваат овој значаен празник за заедничката историја и за културата на сите словенски народи“, велат од МНР.