Заев: Ако имате вишок пари одете во приватни, но истото го имате и во државните болници

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Премиерот Зоран Заев вечерва во „Клик Плус“ на ТВ21 рече дека пред граѓаните да одлучат да одат во приватни клиники, треба да проверат што имаат во државниот систем. Тој порача дека ако некој има вишок пари, нека оди во приватните клиники, но дека истата услуга ќе ја добијат и во државните болници.

„Треба да провериме што имаме во нашиот јавен здравствен систем, пред да тргнеме во приватните клиники. Ако некој има вишок пари, бујрум нека оди. Тоа се здравствени установи кои работат за пари. Ние како држава не работиме“, рече Заев.

Тој смета дека секој треба да прима посебна терапија за ковид, согласно препораките од СЗО.

„Слушнав некои коментари дека се давал Ремдесивир за лекување на коронавирус, а некому не му било дадено. Не може да се дава секому тоа. Тоа може да предизвика контраефект“, рече Заев и накрајо дополни дека државниот здравствен систем ги има сите услови како приватниот систем.