Заев: Барам одговорност за скандалот во Струмица, ВМРО-ДПМНЕ се обидоа да спречат хумана акција за помош на моите сограѓани

НАЈНОВИ ВЕСТИ

После вчерашното влегување на полициски службеници и јавен обвинител во магицини во Струмица, каде што биле пакувани пакети донација од семејството на поранешниот премиер Заев.

Лидерот на СДСМ се огласи преку „Фејсбук“ за овој скандал, за кој побара одговорност од ВМРО-ДПМНЕ.

„Барам одговорност за скандалот што доцна ноќеска се случи во Струмица, каде преку злоупотреба на полиција и државни институции ВМРО-ДПМНЕ, Наќе Чулев и Христијан Мицкоски се обидоа да спречат хумана, солидарна акција за помош на моите сограѓани.

Очекувам од надлежните институции да спроведат истрага и да ги посочат виновниците.

ВМРО-ДПМНЕ преку полициски структури попречува хумантирна помош за граѓани преку злоупотреба на државни институции. ВМРО-ДПМНЕ со полициски режимски структури синоќа до рани утрински часови вршеше притисок и закани врз волонтери и членови на граѓанска организација.

Држеа млади волонтери во полициска станица, им се закануваа, само затоа што некој добил партиска задача и му смета солидарноста. Тоа е одлика на нелуѓе од еден режим којшто одамна го поразивме заедно со граѓаните. И затоа таквите партиски насилници мора да сносат одговорност.

Македонската и струмичката солидарност е голема и ништо нема да ја спречи, најмалку неспособната, режимска ВМРО-ДПМНЕ.“, напиша Заев.