Заев: Бугарија не кажува каде ние го прекршуваме Договорот за добрососедство

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Зоран Заев во „Клик Плус“ на ТВ21 рече дека не знае каде Северна Македонија го прекршува Договорот за добрососедство како што велат бугарските власти.

И тоа, според премиерот, е многу чудно, затоа што кога би знаел, би се отворило тоа прашање и би можело да се реши.

„Не кажува ништо Бугарија и тоа е чудно. Да знаеме каде сме го прекршиле, ајде да го отвориме прашањето. Јас мислам дека нема прекршување на договорот, а Бугарија ако смета дека има, јас не знам каде е“, вели Заев.

Целата изјава низ видео: