Заев доби трет мандат во СДСМ: 59.240 „ЗА“, 865 „ПРОТИВ“ од 90% преброени гласачки ливчиња!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Од досега пребројаните гласови, 59.240 биле „ЗА“, 865 „ПРОТИВ“ и 277 „НЕВАЖЕЧКИ“. Централната изборна комисија при СДСМ на прес конференција информирање за текот на изборниот ден, на првите непосредни внатрепартиски избори.

„Имајќи ја во предвид слободно изразената војна на членовите, на првите внатрепартиски избори, за претседател на социјал-демократскиот сојуз на Македонија е избран Зоран Заев“, рекоа на прес конференцијата од Централната изборна комисија.

Од комисијата додадоа дека изборниот процес поминал регуларно, без пречки и согласно статутарните одредби. Се гласало на сите 237 избирачки места во 80 општини од 8 до 19 часот, со почитување на сите здравствени протоколи од коронавирусот.

За 21.45 најавена е и прес конференција на ново-избраниот лидер на СДСМ, Зоран Заев. ТВ21 во живо ќе ја пренесува прес конференцијата на нашите платформи.