Лидерот на СДСМ Зоран Заев, на Конгресот одржан вечерва, ги претстави носителите на листи за престојните парламентарни избори на 12. април. Како што најави, ќе има по едно машко и едно женско лице кои ќе бидат носители во изборните единици.
Така во првата изборна единица, носители ќе бидат Никола Димитров и Мила Царовска, во втората Оливер Спасовски и Сања Лукаревска. Во третата изборна единица Љупчо Николовски и Јагода Шахпаска, додека во четвртата Заев и член од коалицијата. Во петтата изборна единица Радмила Шекеринска и Јован Митревски, а во шестата носители ќе бидат Билал Касами и Фаница Николовска.
„Ова е тимот кој што ќе донесе нова, голема победа на СДСМ на престојните избори“, рече Заев.
