Заев го повика светот да гласаат за Васил: Тој гордо стои пред сите нас, да застанеме и ние до него

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Премиерот Зоран Заев со објава на неговите социјални мрежи искажа поддршка кон овогодинешниот македонскиот претставник на Евровизија, Васил Гарванлиев.

Тој настапува вечерва на големата сцена во салата Ахои во Ротердам, Холандија во првото полуфинале. Започнува во 21:00 часот, а Гарванлиев со песната „Here i stand“, ќе настапи шести по ред.

„Вечерва нашиот македонски баритон Васил Гарванлиев настапува на првото полуфинале на „Евровизија“ под редниот број 6. Ве повикувам сите кои живеете во странство и кои според евровизиските правила имате можност да гласате да го дадете својот глас за Васил и “Here I stand”. Тој гордо стои пред сите нас, да застанеме и ние до него. Среќно Васил!“, напиша Заев на неговиот профил на Фејсбук.

Евровизија продолжува и четврток вечерта со втората полуфинална вечер, а финалето е закажано за сабота.

Македонија најголемиот успех на овој музички натпревар го забележа во 2019 година, со песната „Proud“, на Тамара Тодевска, кога таа се пласираше на седмата позиција, а прва од гласовите на европските жири комисии.