Заев го враќа изучувањето на српски јазик во Македонија како опција за учениците

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Честитајќи им го на Свети Сава на припадниците на српското малцинство, премиерот Зоран Заев најави враќање на српскиот јазик како изборен предмет во училиштата во Северна Македонија.

„Одиме и чекор понатаму и ги враќаме наставните програми за изучување на српскиот јазик и култура за што се одобрени наставните програми од трето до шесто одделение, а во постапка на одобрување се наставните програми за седмо, осмо и деветто одделение, за разлика од времето кога ВМРО-ДПМНЕ во 2007 година ја укина можноста српскиот јазик да се изучува како изборен предмет“, вели премиерот Заев

Исто така, Заев најави изградба на Српскиот културен центар во Скопје и на Македонскиот културен центар во Белград.