Заев и Филипче ќе останат цела вечер во Кочани – „Важни се проценките кои ќе ги направиме“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Премиерот Зоран Заев вечерва од Кочани истакна дека и покрај штетата која е направена, најважно е да нема загрозени човечки животи.

Тој вели дека има 9 лица кои вдишале чад и во моментов се на лекување во болница.

„Важни се проценките кои ќе ги направиме после полноќ до утринските часови заради дејствување на хеликоптерите на територијата на цела земја“, истакна Заев.

Заев додаде дека со министерот за здравство Венко Филипче, директорот на ЦУК Стојанче Ангелов и градоначалниците на Штип и Кочани ќе останат на терен цела ноќ.