Премиерот Зоран Заев околу последните барања од страна на Бугарија, коментираше дека не се меша во работата на историчарите.
„Историската комисија работи на 5 историски личности и три историски период. Продолжува да работи и за Гоце Делчев. Политичарите работата на иредентизмо, провокација и неевропските манири. Фашистичкиот окупатор нема национална боја во светот.“, рече Заев.
Уште еднаш повтори дека од учебниците и од спомениците ќе се брише „бугарски фашистички окупатор“. Тој кажа дека и кај нас имало соработници на фашистичкиот окупатор.
„Не може да се каже дека една цела нација била фашистичка, и не можете да кажете дека и за нас сите биле со партизаните, затоа што имало еден дел кои биле соработници на фашистичкиот окупатор. Соработници имало“, рече Заев.
