Заев: Јас како пријател на Бугарија очекувам да го признаат јазикот и идентитетот, како што тоа го направи Грција

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Зоран Заев очекува Бугарија да го признае македонскиот јазик и македонскиот идентитет. Ова премиерот го кажа на гостувањето во ТВ21 во дебатниот магазин „Клик Плус“ на дебатирање за бугарско-македонските односи и денешното вето.

„Како пријател на Бугарија очекувам, да го принаат македонскиот јазик и македонскиот народ. Ако не се подготвени, ќе продолжиме да разговараме“, рече Заев.

Заев очекува Бугарија да го стори истото што и Грција претходно по потпишувањето на Договорот со Преспа.