Заев: Ќе земеме кредити, ќе помагаме на граѓаните и на бизнисот

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Лидерот на СДСМ Зоран Заев во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 порача дека ќе се земаaт кредити, за справување со последиците од коронавирусот.

Тој, исто така, додаде дека подеднакво ќе се помага на граѓаните и на бизнисите.

„Ќе земеме кредити, кои ќе ги враќаме, без разлика на политичка определба, тоа граѓаните ќе го враќаат, а сепак граѓаните и стопанството се еднакви, јас немам проблем, ќе дадам сугестии и на нашите политички претставници во владата , премиерот, потпретседателот за економски прашања…“. рече лидерто на СДСМ, Зоран Заев во вечерашното издание на Click Plus на ТВ21.