Заев, Курти и Абазовиќ на форумот на „Економист“ – Борбата против криминалот и корупцијата ја зајакнува економијата

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Иако на Економскиот самит за Западен Балкан, на највисоките претставници од регионот кои учествуваа, најмногу им беа поставувани прашања од билатерален контекст меѓу соседите, акцентот беше ставен на безбедноста и борбата против криминалот и корупцијата.

„Јас мислам дека секој успех во борбата против криминалот и корупцијата, одеднаш, не само во Северна Македонија, туку во целиот регион, ќе покаже најдобри економски ефекти, бидејќи не е само начин  за привлекување инвестиции, материјали или подобри географски позиции, туку исто така борба та против криминалот и корупцијата како и владеењето н а правото, подразбира подобра економија, и ние го чувствуваме тоа, во последните четири години“, истакна Зоран Заев.

Тоа што ни треба е функционална демократија и владеење на правото, како борба против автократијата и корупцијата, рече косовскиот премиер Албин Курти, кој додаде  дека со овие феномени не се соочуваат само земјите од Западен Балкан туку и неколку земји од ЕУ. Корупцијата и криминалот ги спомна и на прашањето  за случувањата во Северна Митровица.

„За институционална стабилност и владеење на законот не може да има стабилност на криминалот. Се броиме против корупцијата и организираниот криминал кој е мултиетнички. Српските и албанските криминалци соработуваат многу добро и ние ќе  се бориме против тоа независно од се. Вчера се спроведе полициска операција во четири општини на Косово, Пеја, Приштина, Северна и Јужна Митровица, каде соработуваа разни криминалци, Срби и Албанци, а судијата, обвинителот кој даде наредба за операцијата, беа Срби, повеќето од полицајците беа Срби. Некои од полицајците кои беа повредени беа Срби и Албанци. Мислам дека грешка е да политизираме или даваме  етнички правец во борбата против организираниот криминал“, посочи Албин Курти.

За вицепремиерот на Црна Гора, Дритан Абазовиќ, корупцијата и организираниот криминал се генератори на многу негативни нешта во регионот.

„Треба да се сфати дека без отстранувањето на ваквите негативни фактори во регионот, во нашите држави,  не можеме да имаме професионални институции, независни, кои можат да создадат подобри услови за луѓето“, вели Дритан Абазовиќ.

Ова е втор Самит за Западен Балкан во организација на Економист кој се одржува на тема “Промовирање  на европската  инклузивност и солидарност“. Главна тема беа зајакнувањето на   стабилноста и соработката во регионот и приоритетите на Северна Македонија  и регионот во пост ковид периодот.