Заев: На следниот Конгрес би можело СДСМ да го промени името согласно Преспанскиот договор

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Премиерот Зоран Заев на денешната прес конференција, по новинарско прашање околу тоа дали ќе го сменат името на партијата, посочи дека тоа ќе се одлучи на следниот Конгрес.

„На следните конгреси, тоа не можеме на Извршен одбор или на Централен одбор, тоа е Конгресот на партијата, којшто ретко се свикува. Од уставните промени сме одржале само еден конгрес, онлајн… Верувам дека во периодот пред нас ќе постапиме согласно Преспанскиот договор. Дури дадовме и информација во делот на новото име – Социјалдемократи од Северна Македонија. Има и други идеи“, вели Заев.