Заев: Не вредат пет банки, го кажав за ДУИ – Ахмети: Нема поголема навреда од тоа да им кажеш на Албанците дека се продаваат

НАЈНОВИ ВЕСТИ

„Тие не вредат 5 банки… тие се борат само за парички“. Ова се само дел од зборовите кои Зоран Заев ги изговара за Албанците во аудио-снимката која осамна денеска на интернет.

ХХ: А шиптарите веќе ви ја пишат фактурата…

З.З.: Пет банки не вредат.

ХХ: Мхм, не вредат.

З.З: Не вредат на пазарот на гласови…

….

ХХ: Со илјада луѓе државата ни ја зедоа, ќе ни ја земеа…

З.З: Тие ќе се…

ХХ: Вие треба да се фокусирате на тоа…

З.З: Они се борат само за парички…

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, во гостување во Изборни дебати на ТВ21, рече дека лично не ја слушнал „бомбата“, но вели дека тоа е голема навреда.

„Ако е вистина, не знам дали има поголема навреда за Албанците, ако тој вели – остави ги Албанците, бидејќи тие се продаваат за пет пари. Со ова на Албанците им се навредуваат и коските во гроб. Дај Боже да не е вистина“, истакна Али АХмети. 

Првиот човек на СДСМ, Зоран Заев, потврди дека на аудио-снимката се слуша негов глас, но вели дека не мислел на Албанците, туку на ДУИ.

„ДУИ не вредат пет пари на пазарот на гласови. Тоа е мојот став денес, беше мој став и тогаш, во времето кога е снимен разговорот објавен денеска. Имаа 20 пратеници, се преполовија на 10, на овие избори ќе имаат уште помалку. Јас сум ја покажал и докажал мојата љубов и почит кон Албанците на дело. Не само зборови, туку и на дело“, посочи Зоран Заев.

Во однос на аудио-бомбата, Заев за ТВ21 рече дека нејзиното објавување нема да го демотивираат да продолжи со својот концепт „Општество за сите“.