Заев: „Никој не праша колку Албанци или колку Македонци се заразени со Ковид-19, е ова е општество еднакво за сите“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Премиерот Зоран Заев вечерва на емисијата „Топ Тема“ на телевизија Телма, објасни што значи реченицата „општество еднакво за сите“. Лидерот на СДСМ ја искористи пандемијата од коронавирусот за да објасни.

„Ниту еден не праша колку Албанци и колку Македонци се заразени со Ковид-19. Е, ова е едно општество за сите“, рече Заев.