Заев: Ниту моите оставки се дискутираат, ниту се одлучува по моите оставки – „Останувам овде за да помогнам да се одржи парламентарното мнозинство“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Вечерва во СДСМ се одржа Извршен и Централен одбор.

Централниот одбор на СДСМ вечерва донесе одлука да биде одложена оставката на Зоран Заев од претседател на партијата но и на другите оставки, поради, како што велат, ситуацијата во државата.

Заев за ТВ21 посочи дека денеска имале сугестија од Централниот одбор за одложување на оставките.

„Ниту моите оставки се дискутираат, ниту се одлучува по моите оставки, од единствена причина кога ги најавив на 31-ви вечерта, потврдив дека останувам овде за да помогнам да се одржи парламентарното мнозинство и ако може да се зголеми“, порача Заев.