Додека опозицијата се обидува да формира ново парламентарно мнозинство, премиерот Зоран Заев вели дека “искрено очекува актуелното мнозинство да се стабилизира“.
Опозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска преку соопштение го обвини Заев за притисоци врз пратениците кои потпишаа иницијатива за гласање недоверба на владата. На прашање од ТВ21 дали доколку наместо ново парламентарно мнозинство, може да се очекува проширување на актуелното, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошовски, со одговор:
Пред локалните избори, премиерот Зоран Заев кога зборуваше за проширување на мнозинството, велеше дека имаат добра комуникација со Алтернатива. Но дали има шанси партијата на Африм Гаши да стане дел од владата со ДУИ и СДСМ? Пред неколку дена пратеникот Скендер Реџепи во Клик Плус рече дека доколку оваа влада не падне, не ја отфрлаат можноста да станат дел од мнозинството.
„Јас сум протагонист, заедно со Алтернатива уште сега оваа влада да падне. Доколку оваа влада не се движи во правец да падне, тогаш ќе разгледаме друга опција да дадеме можност да направиме промени во албанските населени места и да бидеме дел од владата, доколку се даде таква опција“, истакна Скендер Реџепи.
Актуелното мнозинство е со 61 пратеник, доколку се сметаат и 3 од Движење Беса. Но од партијата на Касами најавија гласови ЗА недоверба на владата, затоа актуелното мнозинство е со 59 пратеника. Доколку не се случи владата да падне, а Беса остане надвор од мнозинството, а на нејзино место влезе Алтернатива со 4 пратеника, тогаш мнозинството би имало 6 3 пратеници.
