Од еврокомесарот Оливер Вархеи добив уверување за поддршка на евроинтегративниот процес и дека дел од земјите членки имаат поинакви ставови по прашањето на методологијата за пристапување. Ова го изјави премиерот Зоран Заев ден по официјалната посета на еврокомесарот Вархеи на земјава.
„Јас прочитав во извештаите кои што ми доаѓаат преку МНР и нашите амбасадори таму каде што се разговара на европско ниво за формулациите како порака што треба да се испратат , една од причините беше и таа што разговаравме со комесарот Варјхеи да потврдат дека нема двојбеност или дилема дека местото на цел Западен Балкан е во Европската унија и тоа е чиста работа. Наративот кој што дел од земјите сакаат да го преточат, сакаат да бидат на линија на новата методологија.“, рече Заев.
Но, што станува со преговорите со Бугарија, ќе се успее ли да се постигне договор? Заев вели, имаме позитивни пораки од нашиот источен сосед.
„Поместувањата се на меѓусебно разбирање, не се дефинирани сите чекори и правци и затоа треба да се разговара за следниот чекор, но ова се сериозни позитивни пораки на Бугарија на кое што сакаме да возвратиме апсолутно исто така со позитивни пораки.“, вели Заев.
Во однос на најавите дека се можни санкции во однос на безвизниот режим, тој истакна дека иако Македонија не е спомената дека има сериозни прекршувања во тоа, сепак мора да се внимава да не се прекршуваат правилата на визната либерализација.
