Заев: Победивме, имаме предност од три мандати пред ВМРО-ДПМНЕ, со можност на уште повеќе

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Зоран Заев, лидерот на СДСМ, прогласи победа на коалицијата „Можеме“ на денешните избори. Тој рече дека граѓаните денеска одбрале да продолжи висинскиот пат на земјата.

„Успеавме народе мој, со предност од над три мандати над ВМРО-ДПМНЕ, со можност на уште 1-2 повеќе, нашата коалиција „Можеме“ е победничката коалиција.

Волјата на народот се потврди. Излегоа граѓаните и гласаа за сигурна иднина, за заедништво и солидарност, за патриотизам, за правда, за подобро денес и подобро утре. Патот напред е потврден. На опасноста и кажавме јасно не.

Драги мои сограѓани. Имавме избори како што доликува на земја на НАТО, идна членка на ЕУ. Безбедни, современи, мирни, чисти. Ви благодарам на сите кои бевте активни учесници од оваа современата демократија. Сите вие кои го остваривте вашето избирако право.

Ви благодарам на сите. Вие сте победници, бидете горди, имате и зошто. Победи иднината, победи напредокот.

Има една стара поговорка „Како ќе си постелиш, така ќе си легнеш“. Денешните избори ја отсликуваат оваа поговорка.

Политичарите добија порака од гласачите како и на кој начин ги спроведуваа своите политики во изминатите години. Среќен сум што граѓаните ги препознаа вистинските вредности, и ни дадоа можноста да ги продолжиме нашите заложби за поубава иднина. “, рече Заев.