Премиерот Зоран Заев денеска коментирајќи за извештајот од модуларната болница во Тетово, кажа дека од германските експерти се очекува да стигне нивниот извештај во следните две недели.
„Колку што сум информирамн, после заминувањето на германските експерти, од прилика за две недели да стигне нивниот извештај. Знам дека јавното обвинителствоп работи. Не би можел нешто да кажам ништо од германските форезничари. Германија пријатеслки понуди помош. Очекуваме МВР да го објави форезничкиот извештај и вештачењето, се со цел и ние да можеме да дадеме одговори околу оваа несреќа“, кажа Заев.
