Заев: Повеќето се граѓани на Македонија – меѓу нив и лице од Прешево и едно лице со белгијско државјанство

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

На новинарско прашање од каде се загинатите лица, премиерот Зоран Заев истакна дека тие се од повеќе делови на Северна Македонија.

„Сите се граѓани на Северна Македонија, од повеќе националности. Имаме еден граѓанин од Прешево, кој заедно со вереницата од Куманово биле заедно во Истанбул на прошетка, а видовме во листата дека има и едно белгијско државјанство“, истакна Заев.

Заев истакна дека се работи за компанијата Беса транс од Скопје, која вози најчесто на релација Истанбул – Софија – Скопје.