Заев: Пратеникот чека резултати од тестирање, не се чувствувал добро, затоа гласаше од посебна просторија

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Пратеникот Арбен Зибери гласаше од посебна просторија вечерва за новата влада. Доколку има коронавирус, тогаш би требало да биде во изолација.

ТВ21 го праша Заев дали пратеникот со тоа што бил на гласање во Собранието, ја крши мерката за самоизолација. Еве што одговори премиерот:

„Јас не бев информиран за овој случај, сега дознав дека пратеникот чека резултати од тестирање, а не се чувствувал добро. Затоа за да се заштити, беше спроведен во посебна просторија да гласа“, одговори Заев и посака да биде во добро здравје, и да има негативен тест на Ковид-19.