Заев: Правосудството е на ред да испорача правда, без да се соочува со политички притисоци

НАЈНОВИ ВЕСТИ

„Донесовме закон кој нема скриена амнестија и закон кој ќе донесе правда до државата. Сите предмети ќе имаат завршница, а политичарите не смее да се мешаат во тоа“, порача лидерот на СДСМ, Зоран Заев на вечерашното обраќање.

Заев додаде тоа не е само негово очекување, туку на целиот народт. Најави дека и во следниот период ќе се работи на тоа да судството работи професионално.

„Нашите политики се препознаени и затоа СДСМ секојдневно расте. Затоа коалицијата се зголемува со нови политички партии и се спремни да работат со нас на унапредување на животот на граѓаните“, потенцираше Заев.

Заев потенцираше дека нивната коалиција е најголема и токму таа како што рече тој била фаворит за победник на закажаните предвремени парламентарни избори.