Премиерот Зоран Заев, гостувајќи во емисијата „Стадион“ на Канал 77 радио рече дека лани во октомври осетил дека Бугарија може да биде проблем на патот кон Европската унија.
„Првиот проблем кој се јави е нашето кратко и долго име. Република Северна Македонија или Северна Македонија не претставува никакви територијални претензии“, рече премиерот Зоран Заев.
Тој додаде дека во периодот кој следувало се разговарало со Бугарија околу запирање на говорот на омразна.
Во однос на интервјуто за бугарските медиумите, Заев вели дека нема ништо погрешно во истото.
„Лидерите треба да водат. Јас чекорам напред кон Европската унија“, додаде Заев.
