Дали единствениот кандидат за лидер на СДСМ, Зоран Заев ја доби поддршката од членовите? Одговорот на ова прашање ќе го дознаеме по 22 часот за кога е најавена и прес конференција на лидерот Зоран Заев.
Тој предмалку пристигна во седиштето на СДСМ на Бихаќка, а во тек е пребројувањето на гласовите.
Ова беа први внатрепартиски непосредни избори. Право на глас имаа 69.000 членови, а се гласаше на над 200 избирачки места во 80 општини.
ТВ21 во живо ќе ја пренесува прес конференцијата на лидерот Зоран Заев и Централната изборна комисија закажана за 21:15 часот.
