Заев признава дека ќе има енергетска криза, струјата нема да поскапи до крајот на годината, а потоа…?!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Сигурно е дека до крајот на годината нема да има поскапување на струјата и енергетска криза, вели премиерот Зоран Заев, но додаде дека не знае што ќе се случи по Нова година. Тој признава дека ќе има енергетска криза и дека државата ќе биде до граѓаните.

Претседателот на РКЕ вели дека енергетска криза има во цела Европа. Според него, во моментот кога ќе се зголеми испораката на природен гас од Русија ќе се стабилизира цената на гасот, а со тоа и цената на електричната енергија.

Регулаторна комисија одлучи за нови цени за нафтените деривати кои од полноќ ќе поскапуваат од 2 до 2.5 денари. Новите цени ќе важат до следниот понеделник.

НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА
-Еуросупер БС-95: 75,5 денари за литар.
-Еуросупер БС-98: 77,5 денари за литар.
-Еуродизел: 67,5 денари за литар

Новото поскапување на нафтените деривати РКЕ го објаснува со зголемувањето на цените на нафтата на светските берзи во последните седум дена.