Заев: Сакаме да знаеме колку Бугарија е сериозна, разочараност за непочнувањето на преговорите, Брнс со јасна поддршка

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Со објавениот доккумент се потврди дека не се преговара за македонскиот јазик и идентитет а тоа го соопшти и бугарската страна, затоа што тоа е предвидено во преговарачката рамка и таму стои преводот на акито ќе биде на македонски јазик. Ова го изјави премиерот Заев во однос на документот објавен од Софија, односно петте точки од него, за кој Османи во саботата а и Заев изјави дека ќе биде преземена обврска за реализација, само доколку Бугарија се обврзе дека нема да стави вето на стартот на преговорите.

„Во самите тие точки нема нешто што е проблематично. Секако е обврската на двете страни, не само на нашата, за побрза и ефективна имплементација на Договорот за соработка, пријателство и добрососедство со Бугарија. Тоа е всушност преземање на обврските. Овој документ беше даден во случај на зелено светло. Затоа овој пат навистина сакаме да знаеме колку сме сериозни, и ние, но и Бугарија“, посочи Заев.

Американската амбасадорка Кејт Мери Брнс вели дека е разочарана затоа што Македонија не ги почнала преговори но додаде дека Соединетите Американски Држави ќе продолжат да уверуваат дека нашата земја ги исполнила условите и е целосно подготвена да го почне пристапниот процес.

„Ние ќе продолжиме со нашите дипломатски ангажмани и да праќаме порака во истовреме. Ние веруваме дека иднината на Северна Македонија е во Европа, дека процесот ќе продолжи и во меѓувреме ние ќе правиме се што е потребно да го засилуваме нашето партнерство со Северна Македонија во поддршката што ја споделуваме со членството во евроатлантските институции“, истакна Брнс.

Токму и премиерот Заев вели дека ќе продолжат со напорите за старт на преговорите. Се чекаат да поминат изборите во Бугарија по што ќе биде извесно и кој ќе ја предводи Владата за да се возобноват и политичките контакти. Според него следниот датум за проширување треба да го чекаме во декември, иако Османи а и самиот Заев претходно тврдеше дека тоа е можно во октомври.

„Според мене, декември е следната одлука, иако на 6 октомври има закажано самит за Западен Балкан и за проширувањето на ЕУ. Но, изгорени сме неколку пати, и јас и нашиот народ, и не би ги кревал надежите за 6 октомври, затоа што нема логика, имајќи предвид дека ваквите одлуки Европскиот совет и Советот за општи работи ги носи на крајот на полугодието кога завршува претседавањето на одредена земја“, додаде Заев.

Од први јули претседавањето со Европската унија го презема Словенија, од која се очекува и таа да го задржи фокусот на проширувањето.