Заев: Се поврзуваме за да милиони семејства имаат подобар живот – не може да бидеме ништо друго освен регион интегриран во ЕУ

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Премиерот Зоран Заев на Економскиот форум кој денеска се одржува во Скопје рече дека започнува нов ера на соработка во регионот. Во своето воведно обраќање најави дека ќе бидат потпишани два важни меморандуми и еден договор кој ќе ги олесни административните процедури.

„Почнува да се создава највисоко ниво на разбирање и поврзување, како и витален регионален простор, а тоа е наша заедничка желба. Сакам да ве уверам дека нашата волја е израз на максимална посветеност“, изјави премиерот Зоран Заев на Економскиот форум во своето воведно обраќање.

На Економскиот форум во Скопје присутни се и премиерот на Албанија Еди Рама и претседателот на Србија, Александар Вучиќ.