Заев, Села и Гаши седнаа на маса – оптимизам за Законот за државјанство

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

На средбата за наоѓање решение за државјанството, Заев отиде прв, а на нозе ги пречека двајцата други лидери, Села и Гаши. Двете страни беа подготвени со свои предлози, а врз основа на тоа постигнаа договор. До крајот на неделата да се подготви текст закон за законот за државјанство, а другата недела законот да се најде во Собрание.

Ниеден од лидерите не изнесе детали за законот, но само рекоа дека ќе биде законско решение прифатливо за сите страни.

„Да, ќе се понуди решение кое на следната средба треба да се претвори во текст, во кој ќе бидат предвидени неколку докази, меѓу кои може да биде свидетелство, сметка за електрична енергија итн…Има голем број докази од кои доволно е да се исполни само едно и автоматски на овие граѓани да им се утврди државјанство“, истакна Зијадин Села.

Од друга страна, лидерот на Алтернатива, Африм Гаши упати апел македонската опозиција да го деблокира нивниот закон за државјанство.

„Го користам случајот да ја поканам македонската опозиција да ги повлече амандманите за законот за државјанство и ние заедно да го деблокираме во Собрание и да побараме законско решение за другите проблеми на граѓаните“, вели Африм Гаши.

Координаторот на ПГ на ДУИ, Арбр Адеми рече дека се надеваат на наоѓање заедничко решение за прашањето за државјанство.

„Јас апелирам за рационален и сериозен пристап, така како што им прилега на албанските политички партии. Верувам дека ќе се прочешлаат сите аргументи и ќе се постигне заедничко решение кое во последна инстанца има за цел решавање на ова прашање“, порача Арбр Адеми.

По договорот, Заев изрази оптимизам дека ќе се деблокира Собранието, а албанската опозиција ќе го деблокира Собранието доколку македонската опозиција ги повлече амандманите за законот за државјанство.