„Заев со интервјуто најавува распродажба на македонскиот идентитет“, рече Мицкоски

НАЈНОВИ ВЕСТИ

„Зоран Заев најавува распродажба на идентитетот“, рече Христијан Мицкоски вечерва на гостувањето на ТВ21 во емисијата „Клик Плус“.

Мицкоски вели дека Заев „галантно“ ја најавува распродажбата со интервјуто .

„Дава интервју, со кое грозена е македонската јавност, вклучувајќи и јас. Таму ја најавува распродажбата така галантно на ова интервју“, рече Заев.

Мицкоски даде предлог да се потпише декларација во Собрание со која ќе се брани македонскиот идентитет.

„Пред две недели Заев најавуваше дека нема преговори за македонскиот јазик и идентитет, и тоа биле црвените линии. Ете и нашите линии се тие, зошто не одиме во парламент да потпишеме една декларација и да го браниме македонскиот идентитет“, рече Мицкоски.