Премиерот Зоран Заев денеска беше на трибините во Амстердам, каде што го гледаше натпреварот меѓу Македонија и Холандија на ЕУРО 2020.
Заев навиваше за Македонија, а го поздрави и Горан Пандев, капитенот кој во 68. минута го напушти мечот и го одигра последниот натпревар во македонскиот дрес.
„Денеска од стадионот во Амстердам давам силна поддршка на македонската фудбалска репрезентација. Благодарност до холандскиот премиер Марк Руте за поканата заедно да го следиме натпреварот.Моќна е спортската дипломатија. Премиерот Руте знае дека головите на “гостински” терен се највредни, но без разлика на резултатот од мечот, од денес Македонија и Холандија се уште поблиски.“, напиша Заев.
