Премиерот Зоран Заев, денеска од Куманово ги коментираше најавите од ВМРО-ДПМНЕ дека ќе го блокира во Собранието Законот со кој ќе бидат воведени зелени такси за нафтените деривати и некои енергенси.
Заев кажа дека ако сакаме повеќе зелени површини, законот не треба да се блокира.
„ВМРО-ДПМНЕ ќе блокира? Што така?“, праша Заев и потоа продолжи:
„Законите треба да се гласаат за или против. И верувам дека овој закон ќе биде поддржан од сите. Ако сакаме повеќе здравје, повеќе зелени површини треба да е изгласа. Зелената такса предвидува 3,5 денари такса а нафтените деривати. Од оваа такса очекуваме 55 милиони евра, пари кои ќе бидат дадени за зелени површини, енергетска ефикасност, и други работи за околината, и затоа треба да ги поддржиме овие процеси. Секој може нешто да блокира, но треба да поддржиме сето она што е добро за граѓаните“, рече Заев.
