Според неофицијални информации деновиве претседателот на Владата Зоран Заев треба да одржи средба со својот бугарски колега Бојко Борисов, но тој за ТВ21 го демантира тоа.
„Нема закажано средба помеѓу мене и Борисов. На ниво на работни групи под раководство на нашиот и бугарскиот министер за надворешни работи се разговара“, посочи премиерот Заев за ТВ21.
Имено, земјава во моментов е на десетина дена пред одржувањето на Советот на министри на кој треба да се знае дали ќе започнат преговорите со Европската унија, иако нема информации за тоа што се договара меѓу Македонија и Бугарија и што содржат документите што се разменуваат меѓу двете земји.