Присуството на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во Охрид ќе беше позитивна порака кон граѓаните, истакна премиерот Зоран Заев во интервју за ТВ21.
Тој додава дека од ВМРО-ДПМНЕ одлучиле сепак да не присуствуваат.
„Верувам дека граѓаните би биле благопријатно изненадени и со позитивни чувства да го видат лидерот на опозицијата тука или не знам, претставниците на Националниот Совет за ЕУ во Парламентот или претседателот на Комисијата за надворешна политика на Парламентот. Тие се се луѓе од ВМРО-ДПМНЕ, и би било убаво да бидат тука, тие би можеле да бидат дел од организаторите, а не дел од гостите затоа што ова е наше заедничко“, посочи Заев.
Премиерот вели дека Преспа форумот за дијалог започнал оваа година и ќе трае со децении.
