Возач со црногорско државјанство е приведен откако полицијата го затекнала како управува автомобил со брзина од 205 километри на час на автопатот А1 во Гевгелиско, каде дозволената брзина е 120 километри на час.
Од СВР Струмица информираат дека на 13 јули 2026 година во 11:09 часот, полициски службеници од ОВР Гевгелија го лишиле од слобода Д.Б. (36) од Црна Гора.
При контрола на сообраќајот со радарска опрема, полицајците констатирале дека тој управувал патничко возило „БМВ“ со црногорски регистарски ознаки со брзина од 205 километри на час.
Возилото се движело на делница од автопатот А1, кај селото Милетково, гевгелиско, каде со сообраќаен знак брзината е ограничена на 120 километри на час.
За случајот бил известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија, а против возачот е поднесена соодветна пријава.
